СТИЛОВИ НА ТЕТОВАЖИ
Подолу ќе најдеш детални постови за најпопуларните стилови на тетовирање. Секој стил е објаснет едноставно и разбирливо, со цел да ти помогне полесно да откриеш што ти одговара и каква тетоважа навистина ја сакаш.

Watercolor тетоважи / Watercolor Tattoo
Watercolor тетоважите се инспирирани од акварел сликарството. Овој стил изгледа како бојата да е нанесена со четка – со прелевања, „прскања“ и нежни транзиции меѓу боите, често без класични контури. Овој стил е многу уметнички и слободен. Најчесто се користи за цвеќиња, животни, апстрактни форми, симболи или комбинација со финлајн

Летеринг тетоважи / Lettering Tattoo
Летеринг тетоважите се стил каде фокусот е на зборови, букви и текст, а не на слики. Овој стил е еден од најличните, затоа што најчесто носи порака со силно значење – име, датум, цитат, збор што мотивира или потсетува на важен момент во животот. Летерингот може да биде многу различен

Традиционален / Old School Tattoo
Old School тетоважите се класика со децении историја зад себе. Овој стил потекнува од морнарската и воената култура и се препознава по дебелите линии, јаките и чисти бои и едноставните, но моќни мотиви. Најчести мотиви се срца, сидра, рози, ластовички, тигри, змии и черепи. Иако на прв поглед изгледаат едноставни,

Фaјнлајн / Fine Line Tattoo
Фајнлајн тетоважите се нежни, чисти и минималистички, и токму затоа се толку популарни. Се работат со екстремно тенки линии и без тешки сенки, што им дава елегантен и суптилен изглед. Овој стил е совршен за мали до средни тетоважи, како што се: цвеќиња, симболи, датуми, кратки текстови, иницијали или едноставни

Реализам / Realism Tattoo
Реализмот е стил на тетовирање кој има една јасна цел тетоважата да изгледа што е можно пореално, како фотографија пренесена на кожа. Овој стил најчесто се користи за портрети на луѓе, лица на сакани личности, миленици, религиозни мотиви, историски личности или сцени со силна емоција. Кај реализмот, деталот е клучен.