ВОДИЧ ЗА

НЕГА НА
НОВА ТЕТОВАЖА

Фаза 1: Свежа тетоважа (ден 1–3)

Нормално е:

  • Црвенило околу тетоважата

  • Оток

  • Топлина на допир

  • Истекување плазма (проѕирна или благо жолта течност)

  • Лесно крварење

Што значи: Имунолошкиот систем реагира и започнува со обновување.

Што да правите:

  • Држете ја заштитната фолија онолку колку што ви кажал артистот

  • Секогаш мијте раце пред допирање

  • Нежно мијте со млака вода и антибактериски сапун без мирис

  • Исушете со тапкање (чиста крпа или хартија)

  • Доколку тетоважата не лачи лимфа нанесете многу тенок слој маст или крем за нега

Што НЕ смее:

  • Не ја потопувајте во вода

  • Не мијте премногу често

  • Не ставајте дебел слој крем


 

Фаза 2: Лупење и чешање (ден 4–10)

Нормално е:

  • Лупење како изгореница од сонце

  • Интензивно чешање

  • Матен или „замаглен“ изглед

Што значи: Мртвата кожа се одвојува, а новата кожа се формира под неа.

Што да правите:

  • Навлажнувајте лесно 2–3 пати дневно

  • Нанесете многу тенок слој маст или крем за нега
  • Оставете лушпите сами да отпаднат

  • Носете лабава, памучна облека

Што НЕ смее:

  • Не чешајте

  • Не корнете лушпи

  • Не правете пилинг


 

Фаза 3: Површинско заздравување (недела 2–4)

Нормално е:

  • Тетоважата изгледа заздравена

  • Лесна затегнатост или сувост

⚠️ Важно: Кожата сè уште не е целосно заздравена, иако изгледа така.

Нега:

  • Продолжете со хидратација

  • Избегнувајте сонце

  • Избегнувајте пливање


 

Фаза 4: Длабинско заздравување (недела 4–8)

  • Подлабоките слоеви на кожата се обновуваат

  • Пигментот се стабилизира

Тетоважата добива конечен изглед.

ВАЖНА НАПОМЕНА ЗА ПРВИТЕ ДЕНОВИ

Во првите 1–3 дена, кај некои тетоважи е нормално да има зголемено лачење лимфа (плазма).

👉 Доколку тетоважата е постојано влажна и лачи лимфа:

  • Фокусот треба да биде само на миење, не на мачкање

  • Мијте ја тетоважата со антибактериски, благ сапун

  • Исушете со тапкање (чиста крпа или хартиена салфетка)

  • НЕ нанесувајте крем или маст додека кожата е влажна

Нанесување крем на кожа што лачи лимфа може да:

  • ја „затвори“ влагата

  • ги затне порите

  • го забави заздравувањето

👉 Моментот кога треба да се започне со крем/маст:

  • Кога клиентот ќе забележи дека кожата почнува да се суши, затега или лупи

  • Тогаш се нанесува многу тенок слој крем или маст

    Миење:

    • 2–3 пати дневно

    • Антибактериски или благ сапун без мирис

    • Само млака вода

    Хидратација:

    • Само тенок слој

    • Кожата треба да биде хидрирана, не масна

    ❗ Премногу крем = затнати пори и побавно заздравување

Нормално е:

  • Собирање течност под фолијата

  • Лесно црвенило

Веднаш отстранете ако:

  • Имате силно печење

  • Се појави осип надвор од тетоважата

  • Фолијата протекува или е премногу полна

По отстранување – следете стандардна рутина за миење.

  • Сонце

  • Пливање (базени, море, езера, кади)

  • Тесна облека

  • Прекумерно потење

  • Алкохол и дехидрација (може да го зголемат отокот)

  • Нечисти средини

Нормално заздравување:

  • Лесно црвенило кое се намалува секој ден

  • Проѕирна или благо жолта плазма

  • Привремена топлина

Можно инфицирање:

  • Црвенило кое се шири по 3–4 ден

  • Болка која се зголемува наместо да се намалува

  • Густа жолта или зелена течност

  • Непријатен мирис

  • Температура или треска

Ако се сомневате на инфекција:

  • Прекинете со нанесување на крема или маст

  • Мијте нежно

  • Консултирајте се со артистот или побарајте медицинска помош

  • Секојдневна хидратација

  • Користење SPF 30+ секогаш на сонце

☀️ Сонцето е број 1 причина за избледување на тетоважите.

  • Необични реакции

  • Дилеми околу процесот

  • Пред да претпоставите дека има проблем

Артистот најдобро ја познава вашата тетоважа.