Realism Tattoo Style

Реализам / Realism Tattoo

Реализмот е стил на тетовирање кој има една јасна цел тетоважата да изгледа што е можно пореално, како фотографија пренесена на кожа. Овој стил најчесто се користи за портрети на луѓе, лица на сакани личности, миленици, религиозни мотиви, историски личности или сцени со силна емоција.

Кај реализмот, деталот е клучен. Се работи со сенки, длабочина, светло и темно, без видливи контури или со многу меки линии. Затоа овој стил бара високо ниво на искуство и трпение од тату артистот, како и повеќе време за самото тетовирање.

Може да се работи како black & grey реализам (црно-сиво) кој изгледа елегантно и безвременски, или color реализам, каде боите даваат уште поголема живост и драматика.

Реализмот е идеален избор ако:

  • сакаш тетоважа со длабоко лично значење
  • ти е важно тетоважата да „оживее“
  • си спремен/а за подолги сесии и процес
  • сакаш уметност што остава силен впечаток

Сподели го овој пост:

МОЖЕБИ ЌЕ ТЕ ИНТЕРЕСИРА