Fineline Tattoo Style

Фaјнлајн / Fine Line Tattoo

Фајнлајн тетоважите се нежни, чисти и минималистички, и токму затоа се толку популарни. Се работат со екстремно тенки линии и без тешки сенки, што им дава елегантен и суптилен изглед.

Овој стил е совршен за мали до средни тетоважи, како што се: цвеќиња, симболи, датуми, кратки текстови, иницијали или едноставни илустрации. Финлајн тетоважите често изгледаат многу лично и интимно, како мал таен симбол што го носиш само за себе.

Важно е да се знае дека, поради тенките линии, квалитетната изработка и правилната нега се многу важни за тетоважата да изгледа убаво и со текот на времето.

Овој стил е за тебе ако:

  • сакаш дискретна и естетска тетоважа
  • преферираш минимализам
  • тетоважата има лично значење, а не само визуелен ефект
  • сакаш нешто нежно и модерно

Сподели го овој пост:

МОЖЕБИ ЌЕ ТЕ ИНТЕРЕСИРА