Watercolor тетоважите се инспирирани од акварел сликарството. Овој стил изгледа како бојата да е нанесена со четка – со прелевања, „прскања“ и нежни транзиции меѓу боите, често без класични контури.
Овој стил е многу уметнички и слободен. Најчесто се користи за цвеќиња, животни, апстрактни форми, симболи или комбинација со финлајн илустрации. Секоја watercolor тетоважа изгледа уникатно, речиси како мала слика на кожа.
Поради специфичниот начин на работа со боја, овој стил бара искуство и добро разбирање на пигментите и кожата. Правилната нега после тетовирање е особено важна за боите да останат живи и чисти.
Watercolor тетоважите често се бираат од луѓе што сакаат нешто поразлично, креативно и не толку „строго“.
Watercolor стилот е за тебе ако:
- сакаш боја, слобода и уметнички израз
- не сакаш класични контури
- сакаш тетоважа што изгледа како уметничко дело
- сакаш нешто нежно, но впечатливо





