Tattoo Origin

Од каде доаѓа зборот „TATTOO“ и како почна сè!

Денес тетоважите се насекаде – на улица, на Инстаграм, во уметност, во поп култура. Ама дали си се запрашал од каде всушност доаѓа зборот tattoo и како луѓето воопшто почнале да си цртаат по кожа засекогаш?

Ништо комплицирано, ветуваме.

Tahitian Tattooed Man

„Tattoo“ ≠ модерен збор

Зборот tattoo не е измислен вчера. Потекнува од зборот „tatau“, кој доаѓа од далечните полинезиски острови.
„Tatau“ буквално значи удирање / втиснување – што има целосна логика, бидејќи таму тетовирањето се правело со удирање боја во кожата со алатки од коска и дрво. Нема машини, нема кабли, нема пауза за кафе 😄

Европјаните првпат го слушнале овој збор кога почнале да патуваат по океаните и си рекле:
„Океј, ова е tattoo.“
И така си останало.

Иако зборот е „нов“ за Европа, тетовирањето е старо илјадници години. Реално луѓето се тетовирале уште кога немало ни градови.

Зошто?

  • некои за заштита
  • некои за идентитет
  • некои за статус
  • а некои – едноставно затоа што изгледало добро

Дури има и мумија стара преку 5.000 години со тетоважи. Значи, тетовирањето е постаро и од повеќето цивилизации.

Tattooed Sailors

Како тетоважите завршија кај морнарите

Во Европа, тетоважите долго време биле поврзани со морнари, патници, луѓе што не седеле мирни на едно место.

Морнарите носеле тетоважи како спомен од патувањата, ама и како амајлии за среќа. Секое сидро, ластовичка или срце имало своја приказна.

Не било „модно“, ама било лично. И тоа никогаш не се сменило.

Кога тетовирањето стана „како што го знаеме денес“

Во еден момент, некој паметен човек решил дека рачно удирање не е баш најпрактично и се појавила машината за тетовирање.

И од „само за морнари“, тетоважите станаа:
уметност, стил, израз, приказна на кожа.

Todays tattoo studio

Денес? Tattoo = ти

Денес тетоважата не мора да значи ништо а може да значи сè.
Може да е спомен, емоција, естетика или чисто „затоа што ми се допаѓа“.

Едно е сигурно:
tattoo не е тренд.
Tattoo е дел од човештвото со илјадници години историја зад себе.

Сподели го овој пост:

МОЖЕБИ ЌЕ ТЕ ИНТЕРЕСИРА