Нормално е:
Црвенило околу тетоважата
Оток
Топлина на допир
Истекување плазма (проѕирна или благо жолта течност)
Лесно крварење
Што значи: Имунолошкиот систем реагира и започнува со обновување.
Што да правите:
Држете ја заштитната фолија онолку колку што ви кажал артистот
Секогаш мијте раце пред допирање
Нежно мијте со млака вода и антибактериски сапун без мирис
Исушете со тапкање (чиста крпа или хартија)
Доколку тетоважата не лачи лимфа нанесете многу тенок слој маст или крем за нега
Што НЕ смее:
Не ја потопувајте во вода
Не мијте премногу често
Не ставајте дебел слој крем
Нормално е:
Лупење како изгореница од сонце
Интензивно чешање
Матен или „замаглен“ изглед
Што значи: Мртвата кожа се одвојува, а новата кожа се формира под неа.
Што да правите:
Навлажнувајте лесно 2–3 пати дневно
Оставете лушпите сами да отпаднат
Носете лабава, памучна облека
Што НЕ смее:
Не чешајте
Не корнете лушпи
Не правете пилинг
Нормално е:
Тетоважата изгледа заздравена
Лесна затегнатост или сувост
⚠️ Важно: Кожата сè уште не е целосно заздравена, иако изгледа така.
Нега:
Продолжете со хидратација
Избегнувајте сонце
Избегнувајте пливање
Подлабоките слоеви на кожата се обновуваат
Пигментот се стабилизира
Тетоважата добива конечен изглед.
Во првите 1–3 дена, кај некои тетоважи е нормално да има зголемено лачење лимфа (плазма).
👉 Доколку тетоважата е постојано влажна и лачи лимфа:
Фокусот треба да биде само на миење, не на мачкање
Мијте ја тетоважата со антибактериски, благ сапун
Исушете со тапкање (чиста крпа или хартиена салфетка)
НЕ нанесувајте крем или маст додека кожата е влажна
Нанесување крем на кожа што лачи лимфа може да:
ја „затвори“ влагата
ги затне порите
го забави заздравувањето
👉 Моментот кога треба да се започне со крем/маст:
Кога клиентот ќе забележи дека кожата почнува да се суши, затега или лупи
Тогаш се нанесува многу тенок слој крем или маст
2–3 пати дневно
Антибактериски или благ сапун без мирис
Само млака вода
Само тенок слој
Кожата треба да биде хидрирана, не масна
❗ Премногу крем = затнати пори и побавно заздравување
Нормално е:
Собирање течност под фолијата
Лесно црвенило
Веднаш отстранете ако:
Имате силно печење
Се појави осип надвор од тетоважата
Фолијата протекува или е премногу полна
По отстранување – следете стандардна рутина за миење.
Сонце
Пливање (базени, море, езера, кади)
Тесна облека
Прекумерно потење
Алкохол и дехидрација (може да го зголемат отокот)
Нечисти средини
Лесно црвенило кое се намалува секој ден
Проѕирна или благо жолта плазма
Привремена топлина
Црвенило кое се шири по 3–4 ден
Болка која се зголемува наместо да се намалува
Густа жолта или зелена течност
Непријатен мирис
Температура или треска
Ако се сомневате на инфекција:
Прекинете со нанесување на крема или маст
Мијте нежно
Консултирајте се со артистот или побарајте медицинска помош
Секојдневна хидратација
Користење SPF 30+ секогаш на сонце
☀️ Сонцето е број 1 причина за избледување на тетоважите.
Необични реакции
Дилеми околу процесот
Пред да претпоставите дека има проблем
Артистот најдобро ја познава вашата тетоважа.